Roder HTS Structures

RÖDER HTS HÖCKER GmbH
Висококвалитетни производи од име на кое што можете да му верувате.

RÖDER HTS HÖCKER GmbH е повеќепати наградувана компанија која е специјализирана за дизајн, производство и испорака на привремени и полупривремени демонтирачки шаторски системи. Таа ги снабдува како приватните така и јавните сектори вклучувајќи ја индустријата за хотелиерство и угостителство, индустријата за организација на настани, војската, хуманитарните организации, малопродажната и општата индустрија.

Пагода

Конструкциите Пагода лесно се препознаваат по нивниот импресивен шпицест покрив. Асортиманот Пагода е достапен во големини од 3 до 20 метри и комбинира традиционален шаторски дизајн со високотехнички иновации, создавајќи архитектонски задоволувачки но сепак целосно функционален конструкционен систем. Поради нивната повеќестрана употреба, Пагода е идеален избор за широк спектар на настани. Од влезови со Балдахин до приеми за венчавки или саемски хали кои треба да влезат во очи, овој асортиман на конструкции ќе импресионира без разлика за каков настан се работи.

Шатори за настани - мали

Достапен во самоносечки должини од 3 до 10 метри со стандардна висина на стреа од 2,3 метри, шаторот за настани на RÖDER HTS е лесна но сепак многу стабилна шаторска конструкција што му овозможува на клиентот брзо време на монтирање и демонтирање. Поради модуларната природа на дизајнот, сите шатори за настани на RÖDER HTS можат да се продолжат со 3 метарски продолжетоци што значи дека може да се достигне било која должина на шатори за настани. Шаторите за настани се достапни во повеќе атрактивни конструкции

Шатори за настани - големи

Потребите на клиентите за привремени конструкции се исполнуваат со асортиманот на големи шатори за настани на RÖDER HTS. Достапни во самоносечки должини од 10 до 60 метри и стандардни висини на стреа од 2,4 / 3 и 4 метри, асортиманот на големи шатори за настани ќе го покрие било кој настан во највисок комфор. Сите големи шатори за настани на RÖDER HTS го следат истиот концепт на модуларен дизајн. Разновидниот асортиман на конструкции е достапен во бројни различни форми и величини вклучувајќи класична „А“ рамка, заоблени, хексагонални, октагонални, декагонални, додекагонални, во форма на ѕвезда и конструкции со повеќе врвови.

Шатори Höcker- P серија

Шаторите HOECKER P серија се произведуваат во самоносечки должини од 3 до 12 метри. Оваа популарна шаторска конструкција има стандардна висина на стреа од 2,4 метри и има модуларен 3 метарски носач, со што шаторот може да се продолжи неограничено со 3 метарски продолжетоци. Лесен, повеќестран и многу отпорен, економичниот асортиман на шаторите серија P се користи ширум светот од водечките компании во индустријата за изнајмување на шатори и крајни корисници. Шаторите P серија се достапни во разновидни форми, големини и дизајни за да ги задоволат повеќето видови на примена.

Шатори Höcker- F серија

Шаторите HOECKER F серија имаат еволуирано преку половина век во една од водечките самоносечки шаторски конструкции на денешницата. Шаторските конструкции на серијата F се достапни во повеќе лесни за ракување модуларни форми и големини од 10 до 60 метри во самоносечка должина и менливи висини на стреа од 2,66 до 6 метри. Иделно за професионални компании за изнајмување на шатори и полупостојани примени за крајниот корисник, асортиманот на серијата F нуди бројни опции за големина и естетско задоволство. Без разлика дали ви е потребна стандардна конструкција со „А“ рамка или заоблена конструкција со греди, шпиц дизајн или повеќестран дизајн, вашето решение ќе го најдете во обемниот шаторски асортиман на серијата F.

Компатибилни конструкции<

Порано, кога компанија за изнајмување на шатори ќе одбереше производител и ќе купеше одредена шаторска конструкција за нејзиниот бизнис, компанијата беше зависна од тој производител цел живот поради некомпатибилноста на одбраната конструкција со други шаторски конструкции достапни на пазарот. Ова повеќе не е така, RÖDER HTS HÖCKER разви асортиман на шаторски конструкции кои се целосно компатибилни со најважните производители на шаторски конструкции. Овој нов развој сега им дава на клиентите финансиски конкурентен алтернативен извор при размислувањето да се инвестира во нов инвентар.

Конструкции на повеќе нивоа

Обемен асортиман од привремени конструкции на два или три спрата кој поставува нов стандард во категоријата на привремени просторни конструкции. Благодарение на иновативниот дизајн, конструкциите на повеќе нивоа даваат економска предност и врвно решение за заштеда на простор. Конструкциите на повеќе нивоа се идеално решение за различни примени кои покриваат настани и хотелиерство и угостителство, саеми и општа индустрија. Конструкциите на повеќе нивоа ја имаат истата модуларна основа и се достапни или во класична „А“ рамка, заоблени, полузаоблени или рамка со повеќе врвови на горното ниво.

Индустриски објекти

Достапни во должини од 5 до 30 метри и висини на стреа од 3 до 6,2 метри во објекти со неограничена должина, асортиманот на индустриските шаторски објекти нуди значителни финансиски и оперативни предности во споредба со вообичаените методи на градба. Во зависност од примената, овој иновативен конструкционен систем може да се испорачува без изолација или со целосна изолација „енергетски ефикасен“. Идеално решение за магацини, супермаркети, спортски сали и производствени хали со бесконечни можности.

Војни шатори

Сеопфатен асортиман на воени шатори кои се специјано дизајнирани за воена употреба и употреба на хуманитарни организации. Достапни во разни големини и дизајни за сместување на персонал, единици за сместување, магацини, работни канцеларии, работилници и хангари за авиони. Долгогодишното истражување во областите на дизајн, конструкција и тестирање на шатори за воена употреба го направија RÖDER HTS HÖCKER еден од светските водечки производители на воени шаторски системи и шаторски системи за хуманитарни организации, кои што мораат да функционираат во најекстремни и најсложени средини.

Сали за спортски објекти

Добијте го најдоброто од вашиот спортски објект со монтирање на привремена или постојана спортска конструкција. Нашиот широк асортиман од енергетски ефикасни конструкциони системи се специјално дизајнирани да обезбедат совршена средина за голем спектар на спортски активности. Благодарение на модуларниот начин на градба, разните должини и импресивните внатрешни висини без пречки, нашите сали за спортски објекти се идеално решение за многу спортски примени вклучувајќи тениски спортови, покривни обвивки за базени, покриви за јавачки спортови и паркови за лизгање – без разлика за каква спортска активност се работи ние ќе се погрижиме за тоа!

Конструкции дизајнирани по мерка

RÖDER HTS HÖCKER нуди цел спектар на услуги за конструкции дизајнирани по мерка за клиенти со специјални барања за конструкција. Од почетниот концепт, преку работните цртежи, производството, испораката и ако е потребно комплетно монтирање, специјалното одделение за специјални проекти на RÖDER HTS HÖCKER ќе ги претвори вашите идеи за дизајн во реалност.