Roder HTS Structures

За RÖDER HTS HÖCKER GmbH

Висококвалитетни производи од име на кое што можете да му верувате

RÖDER HTS HÖCKER GmbH е повеќепати наградувана компанија која е специјализирана за дизајн, производство и испорака на привремени и полупривремени демонтирачки шаторски системи. Таа ги снабдува како приватните така и јавните сектори вклучувајќи ја индустријата за хотелиерство и угостителство, индустријата за организација на настани, војската, хуманитарните организации, малопродажната и општата индустрија.

Фамилијата Röder е преку 50 години во индустријата за шатори. Новата компанија беше основана во 2001 од водечкиот експерт во индустријата, г-дин Хајнц Родер (Heinz Röder). Како иноватор во индустријата, тој може да се потпре на скоро полувековно искуство и знаење стекнато низ годините како сопственик на Röder AG. Основана во 1959, Röder AG беше продадена во 1994 кога Heinz Röder го отстапи своето учество.

Компанијата доживеа брз раст од самото основање и денес се смета за водечка глобална сила во рамки на нејзината бранша.  Компанијата произведува разновиден асортиман на самоносечки, модуларни шатори со самоносечки должини од 3 до 60 метри.

Иновацијата и технологијата се клучните движечки сили на компанијата со значително инвестирање во производствените процеси, кои играат голема улога во постојаниот развој на компанијата. Компанијата продолжува да инвестира во нејзината високомодерна производна хала за производство на шатори,  со површина од 64000m², лоцирана во регионот на Кефенрод, Германија. Оваа производна хала ѝ овозможува на компанијата да го произведува својот широк асортиман на висококвалитетни производи внатре во самата фирма.  Тоа им гарантира на сите клиенти дека ќе добијат оптимални нивоа на услуга, вклучувајќи кратко време на производство и испорака, контрола на квалитет, конкурентни цени и производи кои се дизајнирани и направени според највисоките стандарди на квалитет.

Компанијата моментално вработува директна работна сила од преку 130 луѓе, од кои повеќето се вработени од самото основање на компанијата. Сите вработени се висококвалификувани и обучени во нивната работа и се поттикнуваат за стекнување нови вештини и професионално развивање во рамки на организацијата. Компанијата се гордее што многу од нејзините вработени уште работат во неа и исто така се гордее на етиката на своите вработени.

Со нетрпение очекуваме да работиме со вас и да ви испорачаме производи кои што ќе ве импресионираат со високиот квалитет, трајноста и иновативниот дизајн.