Roder HTS Structures

Дизајн и производство

Водачи на пазарот во прецизна шаторска техника

Нашата обврска за квалитет се гледа во производите што ги дизајнираме и произведуваме. Сите производи на RÖDER HTS HÖCKER поминуваат строги структурални анализи на дизајн и ви даваат целосна гаранција дека нашите производи ќе дадат извонреден резултат за време на нивниот животен циклус.

Производите на RÖDER HTS HÖCKER се дизајнирани, развиени и произведени во нашата производствена хала сертифицирана со ISO 9001:2000 која е лоцирана во Кефенрод, Германија. Иновацијата и технологијата се основни начела во филозофијата на компанијата со обемни инвестиции во производствениот процес кои се клучни за нашиот континуиран успех. Оваа стратегија на постојано инвестирање гарантира дека компанијата постигнува постојано високи нивоа на квалитет на производ, ефикасност и продуктивност.

Клучни предности на дизајнот и производството:

  • Компанијата работи во високомодерен производствен објект со површина од 64000m² кој е дизајниран и изграден исклучиво за производство во големи бројки на нашиот разновиден асортиман на привремени структурни конструкции и додатна опрема.
  • Објектот има потенцијал и капацитет да работи 24 часа дневно овозможувајќи неделно производство до 60000 m² финален производ за привремени структури гарантирајќи постигнување за голема побарувачка и фиксни рокови на испорака низ целата година.
  • Одделението за екстравагантен технички дизајн и структурна анализа е целосно опремено со најновиот софтвер, вклучувајќи индустриски водечки апликации како AutoCAD и Strucad. Силната определба за инвестирање во нови технологии овозможува дизајн на нови производи и дизајн по мерка а со тоа проектите го добиваат највисокиот квалитет и подобрени решенија што одговараат на точните барања на клиентите.
  • Модернизираниот објект се состои од шест, наменски производствени хали, секоја целосно опремена со плафонски кран системи со што се овозможува непречен производствен процес од суровина до финален производ.
  • Сите примарни компоненти на конструкцијата (столбови, греди, носечки греди и калкани) се произведени на една од петте, високобрзински CNC (компјутерски нумерички управувани) роботски машини со 5 оски. Овие напредни методи на производство нудат досега неприсутен степен на прецизност при производството, со совршено изработен финален производ како резултат.
  • Сите компоненти на конструкцијата се предмет на строга контрола на квалитет и завршна контрола. По завршната контрола, производите се пакуваат, се ставаат заедно и се подготвуваат за испорака на клиентот.

Целата работа на фабриката е комплетно поддржана преку доверлив инфраструктурен систем што ни овозможува да ги произведеме нашите ширум светот водечки шаторски конструкции со самоносечки должини со додатна опрема ефективно и ефикасно.

JW Player goes here