Roder HTS Structures

Зошто RÖDER HTS HÖCKER

Квалитетни привремени средини од име на кое што можете да му верувате

Во RÖDER HTS HÖCKER GmbH владее една филозофија на континуирано подобрување низ целиот нејзин бизнис. Редовната евалуација на нивоата на услуги, трендовите на пазарот, обликувањето на цените и работењето им овозможува на RÖDER HTS HÖCKER GmbH да испорачаат оптимална услуга и палети на производи на своите редовни клиенти ширум светот.

Главни предности на RÖDER HTS HÖCKER GmbH:

  • Реномиран водечки производител на шатори и индустриски објекти со седиште во Германија.
  • Разновиден асортиман од преку 600 различни привремени конструкции за повеќестрани примени.
  • Високомодерна производна хала која што може да произведе до 60000m² нови конструкции неделно.
  • Компонентите се обработуваат со CNC машини а се монтираат рачно за да се постигне постојан висок квалитет.
  • Посветен технички тим од CAD / CAM дизајнери и инженери за стабилност за проекти скроени по мерка.
  • Европските стандарди гарантираат висококвалитетни, професионално конструирани и целосно сертифицирани конструкции.
  • Технички продажен тим во рамки на фирмата, стратешки лоциран ширум светот за да може да понуди стручно знаење и поддршка.
  • Секогаш може да се постигне кратко време на производство без разлика колку е голема нарачката.
  • Глобално призната марка на која што може да ѝ верувате и која нуди сигурност.
  • Конкурентни цени за целата палета на производи – се гарантира задоволство на клиентите.

Производи – Имаме избор од дизајни за преку 600 стандардни привремени конструкции, повеќето достапни за испорака само за 15 работни дена од датумот на потврдената нарачка. Нашиот искусен персонал ќе го предложи најсоодветниот производ за вашите барања од нашиот обемен асортиман. Ние секогаш го имаме на ум вашиот буџет, па така го добивате најсоодветниот производ за специфичната примена по најдобро можната цена која е достапна на денешниот пазар.

Услуга – Кога ќе нè контактирате ќе разговарате директно со еден од нашите 40 глобални продажни експерти кои преку нивното разбирање за вашите специфични потреби, ќе ви ја понудат привремената конструкција која што најдобро одговара на вашите прецизни барања.

Наша обврска – Нашиот успех е во тоа што нудиме првокласни производи и првокласна услуга за да ги задоволиме целосно нашите клиенти. Секогаш сме достапни да одговориме на вашите општи и технички прашања за одреден производ – наша цел е да дадеме одговор во рок од 24 часа по вашиот повик.

Квалитет и доверба – Сите наши производи се со целосна гаранција, заедно со првокласна услуга, која што дава им дава сигурност на нашите клиенти за нашите производи и квалитетната работа. Имаме долгогодишно искуство во дизајн, производство и испорака на привремени конструкции.

Направете го следниот чекор и контактирајте го RÖDER HTS HÖCKER GmbH уште денес.