Roder HTS Structures

Историјата на фамилијата RÖDER

Основач и главен извршен директор - Heinz Roder Фамилијата Röder е преку 50 години во бизнисот со шатори, од пионерските денови на Heinrich Röder во 1959 со изнајмување на шатори со дрвена конструкција до денес со производство во големи капацитети и глобална дистрибуција на модерни, модуларни привремени структурни конструкции.

Денес новата фамилијарна компанија, RÖDER HTS HÖCKER GmbH дејствува на врвот во дизајнот и конструкцијата на привремени шаторски структурни конструкции а со неа раководи синот на Heinrich Röder, генералниот извршен директор Heinz Röder кој ја основа неговата нова компанија во 2001, продолжувајќи ја така фамилијарната традиција во новата генерација.

Кратка историја за вклученоста на фамилијата Röder во секторот со привремени конструкции:

1959       Раните почетоци на бизнисот со шатори на фамилијата Röder започна со изнајмување на шатори од дрвена конструкција со покривни обвивки од платно за користење како сопствен инвентар за изнајмување на компанијата.

1961       Бизнисот на фамилијата Röder се проширува на пазарот со испорака на сопствени шатори кои сега се нудат за продажба на други компании за изнајмување на шатори.

1965       Почетната производна палета на компанијата се развива со внесувањето на челикот кој се користи како главен материјал за компонентите на рамковата конструкција наместо претходно користениот материјал од дрво.

1975       Развојот и достапноста на екструдираниот алуминиум, заедно со видните намалувања на тежината во споредба со челикот, се покажа како корисна алтернатива за конструкција на модуларните шаторски конструкции. Користењето на екструдиран алуминиум има дополнителна предност што можат да се користат интегрирани канали кои што видливо го подобруваат дизајнот, при што се користат „кедер“ канали за обезбедување на кровот и покривките на ѕидовите; преку кедер-фиксирачкиот систем новиот дизајн стана прав модуларен систем.

1978       Новата алуминиумска конструкција со кедер систем, заедно со растечкиот асортиман на дизајни за шатори брзо стана успех за бизнисот на фамилијата Родер. За да се капитализира  растечката потражувачка за производите, фамијата Родер отвори нова фабрика исклучиво за масовно производство на нивните разновидни шаторски системи. Фабриката беше лоцирана во родниот град на фамилијата Röder во Волферборн, Бидиген, Германија.

1984       Постојаниот развој на производите му овозможи на бизнисот на фамилијата Röder да се истакне како важен играч на пазарот, врвот на развојната програма доведе до дизајн, производство и пуштање на пазарот на првиот во светот двоспратен модуларен шатор на повеќе нивоа кој беше сепак целосно демонтирачки – денес наоѓа примена во бројни примени ширум светот.

1992       Хајнц и Едвин Родер го ставаат фамилијарниот бизнис, RÖDER AG, на германската берза.

1993       Мнозинството акции на компанијата RÖDER AG ги презема Klöckner & Co AG. Во тој момент фамилијата Родер го отстапува сопствеништвото во компанијата.

1994       Хајнц Родер го финализира примопредавањето на бизнисот на Klöckner & Co AG и ја напушта RÖDER AG.

2001       По седум години водење други бизнис интереси Heinz Röder ја основа неговата нова специјализирана компанија за производство на привремени конструкции RÖDER HTS High Tech Structures KG, повторно со седиште во реонот на Волферборн, Бидинген, Германија.

2002       RÖDER HTS KG ги отвара првите продажни канцеларии во Обединетото Кралство, Франција.

2003       RÖDER HTS KG отвара продажна канцеларија за Средниот Исток.

2004       RÖDER HTS KG го презема бизнисот на конкурентот HÖCKER STRUCTURES, Бад Залцуфлен, Германија. Стратешкото преземање на HÖCKER STRUCTURES отвора нови пазари и го надополнува тогашниот асортиман на RÖDER HTS KG со нови производи.

2005       RÖDER HTS KG и HÖCKER GmbH формално се споија во едно трговско друштво познато како RÖDER HTS HÖCKER GmbH. За време на истата година, производните капацитети на  RÖDER HTS and HÖCKER STRUCTURES  се фузираат во еден нов високомодерен објект со површина од  42000m² со седиште во Кефенрод, Германија.

2006       RÖDER HTS HÖCKER GmbH отвара подружница во Сингапур.

2007       RÖDER HTS HÖCKER GmbH отвара стратешки подружници во Русија и Индија.

2008       RÖDER HTS HÖCKER GmbH воведува нов асортиман на шатори дизајнирани да бидат целосно компатибилни со други дизајни испорачани од други производители.

2009       Фамилијата Родер слави 50 годишнина во бизнисот со шатори на 2009 RÖDER HTS HÖCKER GmbH TENT-EXPO. Истата година е претставена патентираната хибридна рамковна конструкција од карбон и метална легура.

2010       Официјално претставување на патентираниот хибриден рамковно конструкционен систем од карбон во врска со алуминиум – конструкцијата е лесна и прва во светот во модуларната шаторска технологија со самоносечки должини.

2011       Фамилијарната компанија, RÖDER HTS HÖCKER GmbH е претставена глобално во 32 држави ширум светот. Компанијата го најави купувањето на 22000m² земја која граничи со моменталната производна хала со големина од 42000m² – новата локација ќе овозможи адекватен дополнителен простор за понатамошно ширење. Првата фаза ќе се заврши во октомври 2011 со изградба на 2600m² високомодерна хала за производство на PVC покривни обвивки.