Roder HTS Structures

Tent Expo

TENT-EXPO е светски познатата, „во рамки на фирмата“ годишна изложба за секторот за меѓународни настани и секторот за привремени конструкции.  Сега во нејзината десета година, изложбата го прикажува разновидниот асортиман на самоносечки шаторски конструкции кои се достапни од RÖDER HTS HÖCKER заедно со претставување на најновите производни иновации на компанијата и додатна опрема. Настанот исто така вклучува презентации на производи и информативни тури низ производствените објекти на RÖDER HTS HÖCKER.

Покрај производите на RÖDER HTS HÖCKER , на изложбата се застапени и други водечки доставувачи на опрема за индустријата за организација на настани, кои доаѓаат од ширум светот за да ги изложат нивните производи и услуги. Тука влегуваат производители на мебел, софтвер за организација на настани / инвентар, внатрешни облоги како и греење, вентилација и климатизација.

Влезот е слободен а вклучени се гратис храна и пијалаци за време на настанот. За тие кои доаѓаат од странство, RÖDER HTS HÖCKER нуди бесплатно хотелско сместување како и превоз помеѓу аеродромот и изложбените простории.

Настанот значително порасна и сега привлекува повеќе од 2000 посетители за време на четиридневниот настан што се одржува во ноември на специјално изградената изложбената површина во Вехтербах, Германија.

TENT EXPO 2014 – 12-15 November

Кликни тука за да се регистрирате

JW Player goes here