Roder HTS Structures

ИЗНАЈМУВАЊЕ и ПРОДАЖБА на индустриски објекти

RÖDER HTS HÖCKER води во дизајнот, производството и монтирањето на привремени магацини и привремени објекти како за полупостојана така и за постојана употреба.

Достапен за долгорочно изнајмување или купување ширум светот, нашиот асортиман на иновативни, модуларни привремени објекти им нуди на клиентите инстант решенија за покриен простор погоден за повеќенаменска индустриска или специјална примена. Тука влегува: општи привремени магацини, објекти за логистика и дистрибуција, објекти за санирање, фабрики, објекти за малопродажба и изложбени салони, хангари, пристаништа, воени објекти и објекти за слободни активности.

Индустриските објекти даваат непобедлив квалитет, многукратна намена и се поевтини во споредба со традиционалните методи на градба.  Тие можат да се монтираат, продолжуваат, спуштаат или преместуваат со минимален прекин и за многу кратко време во споредба со традиционалните методи на градба.

Стандардните конструкции се достапни во самоносечки должини од 5, 7,5, 10, 12,5, 15, 17,5, 20, 25 и 30 метри на стандардни висини на стреа од 3,2, 4,2, 5,2 и 6,2 метри (други должини и висини на стреа се достапни по ваше барање). Објектите се достапни во верзии со изолација и без изолација комбинирани со многу додатна опрема по избор.

По потреба на нашите клиенти им нудиме не само огромна понуда на производи туку им го нудиме исто и нашето искуство во монтирање и раководење со проекти. Од давањето поддршка со само еден единствен техничар за монтажа до давање на располагање на еден цел тим на раководење со проект делувајќи како главен изведувач, нашиот искусен персонал за монтажа ќе работи заедно со вашиот тим за време на целиот проект за да се гарантира целосно задоволство и успех на проектот.

Контактирајте го RÖDER HTS HÖCKER уште денес за да поразговараме за вашиот нов проект.