Roder HTS Structures

Приватност

Политика на приватност

Политиката на приватност уредува како RÖDER HTS HÖCKER GmbH ги користи и штити информациите што вие ги давате за време на користење на оваа веб-локација.

RÖDER HTS HÖCKER GmbH е обврзан да обезбеди заштита на вашата приватност. Доколку побараме од вас да дадете дополнителни информации за идентификување при користење на оваа веб-локација, можете да бидете сигурни дека тие информации ќе се користат исклучиво во согласност со оваа изјава за приватноста. RÖDER HTS HÖCKER GmbH може повремено да ја промени оваа политика со ажурирање на оваа страница. Треба да ја проверите страницата од време на време за да се уверите дали сте задоволни со промените. Оваа политика на приватност стапи на сила од 20-ти август 2010 година.

Што собираме:

  1. Име и професија.
  2. Информации за контакт со адреса за е-пошта.
  3. Демографски информации како на пр. поштенски број, склоности и интереси.
  4. Други информации кои што се важни за анкети и/или понуди за клиентите.

Што правиме со информациите што ги собираме:

Овие информации ни се потребни за да ги разбереме вашите потреби и да ви понудиме подобра услуга а особено поради следните причини:

  1. Водење на внатрешна евиденција.
  2. Можеме да ги користиме информациите за да ги подобриме нашите производи и услуги.
  3. Периодично можеме да ви испраќаме промотивни е-пораки за нови производи, специјални понуди или други информации за кои што мислиме дека ќе бидат од ваш интерес користејќи ја адресата за е-пошта што ја имате оставено.
  4. Од време на време, можеме исто така да ги користиме вашите информации за да ве контактираме за цели за истражување на пазарот. Можеме да ве контактираме по е-пошта, телефон, факс или пошта. Можеме да ги користиме информациите за да ја прилагодиме веб-локацијата согласно вашите интереси.

2) Безбедност

Ние сме обврзани за заштита на вашите информации. За да спречиме неовластен пристап или разоткривање имаме поставено соодветни, физички, електронски и раководни процедури за да ги заштитиме и обезбедиме информациите што ги собираме он лајн.

3) Како користиме колачиња („cookies“)

Колаче е мала датотека што бара ваша дозвола за да се симне на тврдиот диск од вашиот компјутер. По вашата согласност, датотеката се внесува на вашиот компјутер а колачето помага во анализирање на интернет сообраќајот или ви кажува кога посетувате одредена страница. Колачињата овозможуваат веб апликациите да се прилагодат на вас како индивидуа. Веб апликацијата може да ги адаптира своите операции според вашите потреби, сакања и недопаѓања преку собирање и запомнување на информации за вашите склоности.

Ние користиме колачиња за следење на сообраќајот за да видиме кои страници се користат. Тоа ни помага да ги анализираме податоците за сообраќајот на веб-страницата и да ја подобриме нашата веб-локација по мерка на потребите на клиентот. Ние ги користиме овие информации само за статистички анализи а потоа информациите се бришат од системот.

Општо земено, колачињата ни помагаат да ви понудиме подобра веб-локација, овозможувајќи ни да следиме кои страници мислите дека се корисни а кои не.  Колачињата во никој случај не ни даваат пристап до вашиот компјутер или вашите приватни податоци, освен оние податоци што вие ќе одберете да ги споделите со нас.

Можете да ги прифатите или одбиете колачињата.  Повеќето веб-прелистувачи автоматски прифаќаат колачиња, но вообичаено можете да ги измените поставките на вашиот прелистувач со одбивање на колачиња ако сакате. Ова може да спречи целосно искористување на веб-локацијата.

4) Линкови до други веб-локации

Нашата веб-локација може да содржи линкови до други веб-локации. Сепак, со напуштање на нашата страница и одење на овие линкови, ние немаме контрола над другата веб-локација. Па така, ние не сме одговорни за заштитата и приватноста на информациите што ги давате за време на посетување на такви страници а таквите страници не се раководени според оваа изјава за приватност. Треба да бидете внимателни и да ја погледнете применливата изјава за приватност на веб-локацијата во прашање.

Контролирање на вашите лични податоци:

Можете да одберете да го ограничите прибирањето или користењето на вашите лични податоци на следните начини:

  1. Кога од вас се бара да пополните формулар на веб-локацијата, кликнете го соодветното квадратче за да укажете дека не сакате вашите податоци да се користат од никого за цели за директен маркетинг
  2. Ако претходно се имате согласено за користење на вашите лични податоци за цели за директен маркетинг, можете да се предомислите во секое време со пишување до нас или испраќање на е-порака на verkauf@roeder-hts.de
  3. Нема да ги продаваме, дистрибуираме или изнајмуваме вашите лични податоци на трети страни доколку немаме ваша согласност или од нас се бара со закон да го направиме тоа. Можеме да ги користиме вашите лични податоци за да ви испраќаме промотивни информации за трети страни што мислиме дека би биле интересни за вас ако се согласувате тоа да го направиме.

Ако мислите дека некои информации што ги имаме за вас се неточни или некомплетни, пишете ни или испратете ни е-порака што е можно поскоро, на горенаведената адреса.  Ние веднаш ќе ги поправиме неточните информации.

5) Општи услови за користење на нашата веб-локација

Добредојдовте на нашата веб-локација. Ако продолжите да ја прелистувате и да ја користите оваа веб-локација, вие се согласувате со одредбите за заштита на личните податоци на RÖDER HTS HÖCKER GmbH кои што ви се дадени на оваа веб-локација.

Терминот RÖDER HTS HÖCKER GmbH или „нас“ или „ние“ се однесува на регистрираниот сопственик на веб-локацијата чие седиште е во Hinter der Schlagmühle 1, Kefenrod, Germany, D-63699. Терминот „вие“ се однесува за корисникот или гледачот на нашата веб-страница.

Користењето на оваа веб-локација е предмет на следните услови за користење:

1.1 Содржината на страниците на оваа веб-локација е само за ваша општа информација и користење. Таа е предмет на промена без претходно известување. Ниту ние, ниту трети страни даваат гаранција или гарантираат за точноста, навременоста, работењето, целосноста или погодноста на информациите и материјалите најдени или понудени на оваа веб-локација за било која одредена цел. Вие разбирате и признавате дека овие информации и материјали можат да содржат одредени неточности или грешки и ние изричито исклучуваме одговорност за такви неточности или грешки доколку тоа е дозволено со закон.

1.2 Користењето на информациите или материјалите од оваа веб-локација се целосно на ваш личен ризик, за кое што ние нема да бидеме одговорни. Ваша лична одговорност е да проверите дека производите, услугите или информациите достапни преку оваа веб-локација ги исполнуваат вашите специфични барања.

1.3 Оваа веб-локација содржи материјал во наша сопственост или дозволен за нас.  Овој материјал вклучува но не е ограничен на дизајнот, планот, изгледот, приказот и графиките. Забранета е репродукција освен во согласност со напомената за авторските права, која е дел од овие општи услови за користење.

1.4 Сите регистрирани трговски марки на оваа веб-локација кои што не се во наша сопственост или се користат со лиценца од страна на операторот, се признаени на веб-локацијата.

1.5 Неовластено користење на оваа веб-локација може да доведе до тужба за обесштетување и/или да претставува кривичен прекршок.

1.6 Повремено оваа веб-локација може да содржи линкови до други веб-локации. Тие линкови се наменети за обезбедување на понатамошни информации. Тоа не значи дека ние ги поддржуваме овие веб-локации. Ние не сме одговорни за содржината на линкуваните веб-локации.

1.7 Не можете да правите линк до оваа веб-локација од друга веб-локација или документ без претходна писмена согласност од RÖDER HTS HÖCKER GmbH.

1.8 Користењето на веб-локацијата и споровите во врска со користењето на веб-локацијата се водат според правото на Сојузна Република Германија.

6) Одговорност

Информациите содржани на оваа веб-локација се наменети само за општи информации. Информациите се дадени на располагање од страна на RÖDER HTS HÖCKER GmbH а бидејќи ние се трудиме да ги одржуваме актуелни и точни информациите, не даваме никаква гаранција, било изразена или индиректна, за комплетноста, точноста, веродостојноста или достапноста во поглед на веб-локацијата или информациите, производите, услугите или поврзаните графики содржани на веб-локацијата за било какви цели. Секаква доверба кон таквите информации е строго на ваш сопствен ризик.

Во никој случај ние нема да бидеме одговорни за загуба или штета вклучувајќи без ограничување, индиректна или последователна загуба или штета, или било каква загуба или штета од губење на податоци или заработка која произлегува од или во врска со користењето на оваа веб-локација.

Преку оваа веб-локација можете да отидете на други веб-локации кои што не се под контрола на RÖDER HTS HÖCKER GmbH. Ние немаме контрола врз видот, содржината и достапноста на тие локации. Вклучувањето на одредени линкови не значи веднаш препорачување или согласување со мислењата искажани во нив.

Ќе се направат сите напори за беспрекорно одржување и функционирање на оваа веб-локација.  Но сепак, RÖDER HTS HÖCKER GmbH не превзема никаква одговорност за и нема да биде одговорен ако веб-локацијата е привремено недостапна поради технички проблеми кои се вон наша контрола.