Roder HTS Structures

ПРОДАЖБА – Конструкции дизајнирани по мерка на клиентот

Од концепт до реализација, одделот за специјални проекти на RÖDER HTS HÖCKER може да реализира конструкции дизајнирани по мерка за повеќето видови на примена.

Долгогодишно искуство комбинирано со користењето на технологија е клучот на нашиот успех во оваа бранша. Нашите дизајнери и инженери се повикуваат на повеќе од полувековно комбинирано искуство во производство на самоносечки конструкции по мерка. Ова богато искуство, заедно со користењето на најновото во CAD технологијата и CNC опремата за прецизни техники, му овозможува на RÖDER HTS HÖCKER да ги претвори повеќето концепти во реалност.

Конструкциите се дизајнираат и испорачуваат според посебните барања на клиентите. На пример, може да се работи за тоа конструкцијата да има големи капацитети за отпорност на ветер и снег. Во повеќе случаи, можеме да ги исполниме спецификациите на клиентот од стандардни доградби до хотелско угостителски центри на повеќе нивоа со целосна изолација.

Нашата докажана компетентност во изготвување на конструкции дизајнирани по мерка се подобрува со можноста за давање поддршка од страна на нашиот искусен персонал за монтирање и раководење со проекти. Оваа услуга е најголемата предност на RÖDER HTS HÖCKER и таа е секогаш достапна за нашите клиенти ширум светот. Од давање поддршка со само еден единствен техничар за монтажа кој го подучува и насочува тимот на клиентот за време на почетната монтажа до нудење на комплетна услуга за раководење на проект делувајќи како главен изведувач, ние ги нудиме сите наши услуги за советување и монтажа ширум светот.

Контактирајте го RÖDER HTS HÖCKER уште денес за да поразговараме за вашиот проект дизајниран по мерка.