Roder HTS Structures

ПРОДАЖБА на покривни обвивки

Дали барате покривни обвивки за да ги замените постоечките покривни обвивки на вашиот шатор? Не барајте повеќе.  RÖDER HTS HÖCKER испорачува покривни обвивки за повеќето вообичаени самоносечки конструкции за многу помалку пари отколку што би очекувале!

Покривните обвивки од првокласен материјал на RÖDER HTS HÖCKER се произведени со користење на најновото во компјутерски контролираното кроење, машини за заварување со висока фреквенција, топол печат и постапки за оплеменување.  Со користење на технолошки напредни методи на производство гарантираме дека нашите проектирани покривни обвивки се развиени и произведени со минимални плус / минус толеранции овозможувајќи совршена вклопеност во било кое време.

Нашите висококвалитетни покривни обвивки се произведени со користење само на најдобрите и најмодерни материјали, како на пример специјални незапаливи конци, антибактериски, високосјаен бел PVC обложен материјал и кедер отпорен на влага.  Изборот и користењето на првокласни материјали ги гарантира највисоките нивоа на квалитет, сигурност и трајност кај привремените конструкции. Нашите покривни обвивки обезбедуваат оптимална изведба и долг животен циклус кои што може да ги понуди само еден квалитетен производ.

Сите PVC обложени материјали користени во нашите покривни обвивки се со потекло од Европската унија гарантирајќи дека одбраните материјали се целосно отпорни на пламен во согласност со индустриските стандарди како на пр. DIN 4102, B1, M2 (забелешка: материјалите се во согласност и со најпризнаените меѓународни стандарди за отпорност на пламен).

Контактирајте го RÖDER HTS HÖCKER уште денес за повеќе информации за производ и цена.