Roder HTS Structures

Компатибилни конструкции

Од почетокот на шаторската индустрија и индустријата за изнајмување на опрема за организација на настани, компаниите за изнајмување можеа да бираат а потоа да купат, нивен посакуван дизајн на шатор од повеќе производители кои нудеа мноштво привремени конструкции.

Порано, штом компанијата за изнајмување ќе ја одбереше фирмата добавувач, изнајмувачот на шаторот стануваше „заглавен“ и обврзан за тој добавувач поради некомпатибилноста на одбраниот шаторски систем на добавувачот во споредба со другите понудувачи.

Досега, компаниите имаа во можност две опции. Или да продолжат да купуваат и да ја одржуваат нивната постоечка шаторска опрема кај нивниот одбран добавувач без контрола над цената и без фиксно време на производство или да одберат нов понудувач. Тоа вклучуваше купување на комплетно нова шаторска конструкција справувајќи се со поврзаните високи трошоци на инвестирање преку новиот добавувач и справувајќи се со конфузијата на интегрирање на нов комплет на компоненти во постоечкиот инвентар на компанијата.

Производниот асортиман на компатибилните конструкции на RÖDER HTS HÖCKER беше специјално дизајниран за да им овозможи на изнајмувачите на шатори и организатори на настани од ширум светот алтернативна понуда која може да се земе во предвид кога се размислува за купување на нова шаторска опрема.

Нашиот обемен асортиман на компатибилни конструкции се 100% компатибилни и технички и структурно не се разликуваат од деловите на нивните конкуренти. Овој алтернативен канал на снабдување им овозможува на компаниите за изнајмување на шатори и организација на настани да купат резервни компонентни делови, носачи за продолжување и целосно нови шаторски конструкции од понудувачот што продава квалитетно најдобри производи, со брзо време на испорака и најважно од сè со конкурентна цена.

Контактирајте го RÖDER HTS HÖCKER за алтернативна понуда за споредба уште денес.