Roder HTS Structures

Конструкции дизајнирани по мерка

RÖDER HTS HÖCKER нуди цел спектар на услуги за конструкции дизајнирани по мерка за клиенти со специјални барања за конструкција. Од почетниот концепт, преку работните цртежи, производството, испораката и ако е потребно комплетно монтирање, специјалното одделение за специјални проекти на RÖDER HTS HÖCKER ќе ги претвори вашите идеи за дизајн во реалност.

Нашето искусно одделение за дизајн и инжинерство од лице место може да се повика на непроценливо експертско знаење стекнато низ годините во дизајнирање на проекти на самоносечки конструкции по мерка на клиентот. Тоа искуство, заедно со користењето на најновото во технологијата за моделирање 3D CAD и автоматизираните прецизни CNC производствени процеси, му овозможија на RÖDER HTS HÖCKER да се истакне и да стане водечка сила во оваа бранша.

Ние веруваме дека процесот на дизајн по мерка на клиентот е тимска работа одржувајќи блиски контакти со клиентот со цел за да се разберат сите аспекти на потребите на проектот, вклучувајќи ограничувања на местото, желби и стилови. Ние работевме заедно со бројни приватни клиенти, корпорации и владини оддели ширум светот во создавањето и испораката на некои од најиновативните демонтирачки конструкции.

Кога дизајнираме конструкции по мерка на клиентот, наша примарна цел е да се искористи максималната количина на компоненти што се користат кај нашиот претходно постоечки асортиман на стандардни конструкции. Ова е од корист за клиентот и доставувачот бидејќи овозможува проектот да премине во производна фаза многу порано отколку ако компонентите се произведуваат поединечно.  Во продолжение на тоа, со користење на компоненти од залиха во дизајнот, вкупните трошоци на проектот можат да се минимизираат овозможувајќи конструкциите дизајнирани по мерка на клиентот да бидат по многу попристапни цени.

Без разлика од инструкциите, ангажирањето на RÖDER HTS HÖCKER како ваш главен изведувач на проектот ќе обезбеди навремено испорачување на проектот и во рамки на буџетот. Како водечки експерти во оваа бранша ние можеме да ги исполниме точните потреби на клиентите од стандардна доградба со едноводен кров до конструкции на повеќе нивоа што можат да се демонтирааат, за хотелиерство и угостителство и забава  со целосна изолација до конструкции изградени да се спротивстават на екстремни товари на ветер и снег.

Контактирајте го RÖDER HTS HÖCKER за алтернативна понуда за споредба уште денес.