Roder HTS Structures

Конструкции на повеќе нивоа

Конструкциите на повеќе нивоа на RÖDER HTS HÖCKER нудат врвно решение за заштеда на простор со вметнување на дополнителни спратови на места каде што просторот е многу скап.

Конструкциите на повеќе нивоа се достапни во конфигурации на два или три спрата во шест неверојатни повеќенаменски стандардни дизајни: „А“ рамка, заоблени, полузаоблени, закосени, со повеќе врвови и во форма на коцка.

Поради нивните модуларни карактеристики, конструкциите на повеќе нивоа можат да се монтираат во бројни разновидни конфигурации, форми и големини за да одговорат на специфичните планови за настанот и просторните ограничувања.  На пример, основната површина на горното ниво може да одговара на основната површина на долното ниво.  По избор, може да се конструира и помала конструкција на горното ниво и да се создаде балконски простор со совршен поглед за уживање во глетката долу.

За да се подобри нивната флексибилност, можат да се отстранат на приземјето 5 x 5 метарски модули за да се создадат отворени галерии. Исто така и актуелната должина и широчина на конструкцијата преку специјалниот модуларен дизајн е неограничена.

Без разлика дали конструкциите се користат кај голф, тенис, трки со коњи, моторски спортови или други настани, нашите иновативни и лесни за користење конструкции на два или три спрата се сигурен победник во било кое време.

За да се подобри визуелниот изглед и функционалноста на конструкцијата на располагање ви стои бројна додатна опрема.  Во додатна опрема влегуваат покривни обвивки исполнети со термоизолација – овој иновативен производ ги зголемува термалните вредности а ја намалува потребната количина за загревање / климатизација – касетни ABS фасади и стаклени фасади, дупли и единечни врати, внатрешни и надворешни скали, огради на балкони, подни системи за горните и долните спратови, декоративни облоги и др.

Направете го следниот чекор и контактирајте нè со вашите барања уште денес.