Roder HTS Structures

Пагода

Конструкциите Пагода на RÖDER HTS HÖCKER  ви овозможуваат да создадете впечатливи  покривни конструкции. Заедно со лесното монтирање и совршениот квалитет на градба, конструкциите Пагода нудат идеално решение за голем број на примени.

Конструкциите Пагода се достапни во бројни квадратни единици од 3 до 20 метри самоносечка должина. Пагодите се идеално решение за места за прием или можат да се спојат заедно со користење на интегрирани олуци, што овозможува создавање на повеќе конфигурации со подобрување на визуелниот изглед на билокој настан без разлика каде е локацијата.

RÖDER HTS HÖCKER произведува пет типа на Пагоди:

Пагодата Ница користи лесен триканален профил (63/63/2mm) за главната конструкција. Системот користи вообичаени, стабилни столбови, кои функционираат со „кликнување“ за приврцстување на хоризонталните греди. Пагодата Ница исто така има уред за прикачување за брзо и лесно монтирање на покривната обвивка.

Пагодата Лондон користи поголем, постабилен триканален профил (94/48/3mm) за главната конструкција и оди заедно со сертификат за товар од ветер до 80 км/ч. Пагодите Лондон се достапни во големини од 3, 4, 5 и 6 метарски единици и се испорачуваат со револуционерниот интегриран систем „нога што може да се преклопува“ што го олеснува монтирањето со минимална работна сила – идеалното решение за компаниите за изнајмување ширум светот.

Асортиманот на ГОЛЕМА Пагода ги покрива големините од 8, 10, 12, 15 и 20 метри и може да се купат со висини на стреа од 2,4 и 3 метри.  Овие софистицирани конструкции нудат совршена атмосфера за широк спектар на примени поаѓајќи од атрактивен влез, самостојна конструкција за прием или споена во повеќенаменска конфигурација, не е ништо чудно што ГОЛЕМИТЕ Пагоди се омилени кај толку многу клиенти ширум светот.

Сите конструкции Пагода се испорачуваат стандардно со рамка и бели покривни обвивки. Овој асортиман може да се прошири со нашата додатна опрема за Пагода вклучувајќи стаклени фасади или тврди фасади, врати, висечки сводови, интегрирани подни системи, внатрешни облоги и друго.

Направете го следниот чекор и контактирајте нè со вашите барања уште денес.