Roder HTS Structures

Сали за спортски објекти

Салите за спортски објекти од RÖDER HTS HÖCKER вклучуваат асортиман на привремени и постојани модуларни решенија за градба наменети за бројни спортски примени овозможувајќи спортските активности на терен и во сала да продолжат преку целата година без разлика за кое годишно време се работи.

Конструкциите се достапни во неограничени должини во стандардни самоносечки должини од: 10, 15, 18, 20, 25, 30, 37 и 40 метри – за полесно ориентирање, овие големини на стандардни конструкции се категоризирани на мали, средни и големи сали за спортски објекти. Во дополнение на нашиот стандарден асортиман на големини, нашите претходно конструирани спортски објекти може да се произведат така што ќе ги исполнат точните специфични барања на самиот клиент. На пример товарите на ветер и снег да се усогласат со локалните контролни барања за градба или специјални широчини и должини, заедно со променливи висини на стреа и гребен за да се исполнат повеќето спортски барања за покриен простор.

Салите за спортски објекти се достапни во две различни опции за покривните обвивки: клиентите може да бираа помеѓу стандардниот покривен систем со оптегнет материјал од еден слој и ТЕРМО надувливиот енергетски ефикасен покривен систем. Двата покривни системи се произведени од цврст и високотраен, индустриски PVC материјал што овозможува да се пренесува природно светло преку проѕирната архитектонска покривна мембрана со одржување на постоечките трошоци за осветлување на минимум бидејќи се минимизирани трошоците за дневно осветлување.

Сите конструкции за спортски објекти се достапни со голем асортиман на опции за ѕидно обложување без изолација и со изолација, системи за осветлување што може да се конфигурираат за да обезбедат оптимална игра во комбинација со достапно природно светло, греење, вентилација и климатизација.

Во споредба со традиционалните методи на градење, модуларните сали за спортски објекти на RÖDER HTS HÖCKER нудат бројни предности кои што не треба да се занемарат. Тоа вклучува значителни заштеди на трошоци со гарантирани фиксни трошоци на целиот проект, кратко време на производство и брзо време на монтирање. Освен тоа, за разлика од конвенционалните спортски објекти, нашите конструкции се целосно демонтирачки и поради тоа можат подоцна повторно да се продаваат, реконфигурираат, прошират или да се преместат и повторно употребат во повеќе различни примени.

Со огромен животен век од 20 години и повеќе, салите за спортски објекти овозможуваат долгорочна а сепак здрава инвестиција. Заштедете време и минимизирајте ги вашите трошоци со иновативни претходно конструирани сали за спортски објекти од RÖDER HTS HÖCKER.

Направете го следниот чекор и контактирајте нè со вашите барања уште денес.