Roder HTS Structures

Шатори за настани – мали

Малите шатори за настани на RÖDER HTS се развија во омилен избор на дизајн на шатор кај водечките компании за изнајмување на шатори и за организација на настани ширум светот.  Завидливиот успех на малите шатори за настани потекнува од бројните иновативни и лесни за користење карактеристики што можат да се најдат низ целиот асортиман.

Овие карактеристики вклучуваат целосно променливи компоненти кои што можат да се користат за сите опции на дизајн достапни кај малите шатори за настани. Оваа функционална компатибилност на компонентите овозможува лесно ракување, лесно складирање, лесен транспорт и му овозможува на корисникот брзо време на монтирање а сето тоа допринесува да малите шатори за настани на компанијата RÖDER HTS бидат број еден влезни конструкции на мали шатори за настани.

Малите шатори за настани се достапни во разни видови на форми и големини достапни во самоносечки должини од 3, 4, 5, 6, 8, 9 и 10 метри. Малите шатори за настани одат во стандардна висина на стреа од 2,3 метри и како и сите привремени конструкции на RÖDER HTS, малите шатори за настани се целосно модуларни во дизајнот па така можат да се продолжуваат за да постигнат неограничени должини со 3 и 5 метарски модуларни продолжетоци.

Во врска со нивната флексибилност, стабилната конструкција на мали шатори за настани е достапна во бројни естетски опции – клиентите можат да бираат помеѓу следните дизајни: класична „А“ рамка, заоблен кров, шпиц кров, триаголен кров, повеќестран, со 2 и 3 начини на расклопување на 3 метарски модуларни носачи и системот РОМА со 5 метарски носачи.

Сите компоненти на главната конструкција се прецизно произведени во Германија од комбинација на висококвалитетен анодизиран алуминиум од европско потекло и топло галванизиран „отпорен на корозија“ челик кој се користи за сите делови што се поврзуваат.  Покривните обвивки се произведуваат користејќи го најновиот, антибактериски, високосјаен бел, огноотпорен, проѕирен или непроѕирен PVC материјал во согласност со меѓународните стандарди вклучувајќи го стандардот DIN 4102 B1, BS 5438 / 7837.

Малите шатори за настани се достапни со функционална и економична додатна опрема за да се олесни вашиот избор на шатор за настани. Тука влегува: стаклени фасади или масивни ABS фасади, врати, висечки сводови, рампи, интегрирани касетни или челични подни системи и многу повеќе – и сето тоа по многу поволни цени.

Направете го следниот чекор и контактирајте нè со вашите барања уште денес.